Српската кошаркарка Александра Узелац преживеала вистински хорор во Рио де Жанеиро, каде што настапува за бразилски Флуминенсе. Таа, за српските медиуми, откри дека двапати била во животна опасност.

  • Се враќав од вечера со другарка ми, возевме велосипед по патеката што е наменета за тоа, до неа е тротоарот за пешаци, па делот каде што се засадени дрвја – наоколу имаше корења и камења, а потоа патот по кој одат автомобилите – кој е понизок, не е на исто ниво. Во суштина, невозможно е со велосипед да излезеш од патеката на патот… Возев прва, таа беше зад мене. Кога бев на патеката – двајца налетаа на мене, ги кренаа маиците и извадија ножеви. Буквално беа мачети – навистина огромни ножеви. Не знам ни како им беа ставени под кошулите. Почнав да врескам и не знаев што да правам… Можам да кажам дека Бог ме спаси затоа што не паднав од велосипедот и не излетав на патот каде што има автомобили и мотоцикли, изјави Узелац за српски „Mоцарт спорт“.

Потоа дополнително објаснила како настанала ситуацијата кога го пријавила нападот во полиција, но залудно.

  • Можеше да ме удри автомобил или што било друго. Мојата пријателка не успеа да помине, туку падна. Возев преку тие корени како никогаш во животот… Едниот од нив ме следеше, а другиот отиде кај неа. Застанав, го фрлив велосипедот, ја чекав неа и застанував автомобили. Не можев ништо друго… Застана едно такси, некако влеговме во него и заедно отидовме во полиција. Тие не направија ништо таму, само не префрлија до дома. Сè се случи многу блиску до полициска станица. Бев многу трауматизирана, беше навистина морничаво и не можам да ја симнам таа слика од мојата глава. Кога не нападнаа со ножеви никој не дојде да ни помогне затоа што луѓето не знаат што можат да имаат на ум напаѓачите и на што се подготвени тие, додава српската одбојкарка.

Само десет дена подоцна таа повторно била цел на разбојници, нешто што е секојдневие кога станува збор за бразилските фавели.

  • Се враќав од клубот во мојот стан, бев со другарка на вечера. Пред тоа ги гледавме фудбалерите на Флуминенсе, сè беше супер, сè беше во ред. Живеам во близина на стадионот. Гледав во телефонот, а мојата пријателка ме фати за рака и почна да вика: „Узи, Узи, Узи…“. Гледам, како пред нас стојат два автомобила, а зад нив два мотоцикла. Излегуваат мажи со фантомки и пиштоли, двајца застанаа пред автомобилите, а другите тропаа со пиштоли на вратите и на португалски побараа да им дадеме се што имаме. Ги отворија вратите на автомобилите и ни вперија пиштол во глава. Почнавме да врескаме, а тие ни правеа претрес. Еден од нив тргна кон автомобилот, некако успеавме да се свртиме и да почнеме да бегаме. Во тие моменти не размислувавме, само гледавме да дојдеме до клубот, бидејќи знаевме дека таму ќе бидеме безбедни. Сето ова се случи на мојата улица. Таквите работи можат да се видат само на филмовите, тоа е голема траума за мене, рекла Александра.