EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Екипата на Баерн од Минхен има високи амбиции во новата евролигашка сезона, а за тоа најдобро говори последното нивно засилување. Пред неколку дена во клубот пристигна Серж Ибака, кој воедно ги откри причините за доаѓањето во тимот од Германија.

  • Привилегија е да се приклучам на клуб со богата историја како Баерн. Ласо е фантастичен тренер и одлична личност. Тоа е најважното нешто. Јас сум во период од мојата кариера кога ми е важно да работам со добри луѓе. На крајот на денот, кошарката е сепак игра. Важно е мислам дека ако поминувам време со личност која работи напорно, тоа е чесна личност. А, тоа најдобро го опишува Пабло, истакна Ибака.