Зошто си заминав од Милан?

620

Репрезентативецот на Белгија, Чарлс де Кетеларе, откри зошто ги напуштил редовите на италијанскиот калчо гигант Милан и ја прифатил понудата на Аталанта.

-Немав добра сезона со Милан и затоа донесов одлука дека мора да си заминам затоа што само така ќе имав поголема минутажа и ќе се вратев во посакуваната форма. Сега сакам на сите да им покажам кој сум јас и мислам дека сум на добар пат. Среќен сум што сум дел од Аталанта, изјави офанзивниот играч за врска.