„Зошто не можам најдам партнер, до мене ли е?“ Очекувано, или не: Еве зошто мажите ги оставаат квалитетните жени

438
Pexels

Многу жени сè уште се прашуваат: „Зошто сум сè уште сингл? Зошто не можам да најдам асолен партнер? До мене ли е?“ Кога станува збор за врските, често се фокусираме на причините поради кои жените ги напуштаат мажите.

Но, треба да го земем предвид фактот дека и мажите можат да бидат иницирачи на раскинот, и тоа дури и тогаш кога се во врска со жени кои располагаат со големи квалитети и имаат многу да понудат.

Следниве неколку причини се објаснување зошто тоа најчесто се случува:

Страв од приврзаност
Иако се во врска со одлична жена, некои мажи се плашат од долгорочна посветеност. Тоа може да се должи на претходни лоши искуства во врската или поради страв од губење на слободата. Како по правило, овие мажи одлучуваат да ја прекинат врската за да избегнат подлабока емотивна приврзаност.

Нереални очекувања
Понекогаш мажите можат да имаат нереални очекувања за тоа како треба да изгледа или да се однесува нивната животна партнерка. Дури и ако жената е извонреден партнер, мажот може да биде незадоволен затоа што очекува таа да исполни некои идеализирани стандарди кои можеби не се реални.

Недостаток на емоционална зрелост
Недостатокот на емоционална зрелост доведува до тоа мажите да не можат да ги ценат квалитетите на својата партнерка. Можеби не се подготвени да се соочат со предизвиците и компромисите кои се неопходни во здрава врска. Наместо тоа, тие се повлекуваат и одлучуваат да ја прекинат врската.

Потребата за промена
Некои мажи чувствуваат потреба од промени и возбуда во љубовниот живот, дури и ако се во врска со добри жени. Им пречи кога врската и рутината што природно доаѓа со неа по некое време, стануваат здодевни или премногу предвидливи. Одлучуваат да се одморат за да истражат нови можности или да најдат нешто што повеќе им одговара во тој момент.

Плус совет: Отворено комуницирајте и работете на одржување здрава и исполнета врска.