Па тоа е „само“ силен земјотрес! Тајванска презентерка продолжи со вестите како ништо да не се случува!/ВИДЕО

418
Printscreen/X

Во земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што во средата го погоди Тајван загинаа девет лица, а повеќе од 800 беа повредени. Во тек е голема операција за извлекување луѓе од урнатините, а десетици домаќинства останаа без струја. Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен, а потресите се почувствувале дури и во главниот град Тајпеј.

Земјотресот затекна многу луѓе, па завладеа општа паника и страв, но не и кај водителката на телевизијата SET News. Имено, таа остана присебна и во моментите кога стана очигледно дека сѐ околу неа се тресе и се ниша, пренесува Јутарњи лист.

И покрај опасноста, водителката покажа неверојатна професионалност, а видеото стана популарно на интернет. Многумина ги изразија своите зборови на поддршка и восхит кон неа.

Најавата за прилогот ја заврши со сосема смирен тон и им кимна со главата на колегите дека се чувствува добро и дека е подготвена да продолжи со работа.