Лионел Меси пред неколку дена го освои толку посакуваниот трофеј на Светското првенство во Катар и со тоа докажа зошто многумина го сметаат за најдобриот фудбалер на сите времиња.
За време на доделувањето на пехарот, Меси облече необична црна наметка, што беше чудно за сите во светот. Сега дојде и објаснувањето за сето тоа.
Имено, претставниците на Катар открија зошто морал Меси да носи бишт за да го добие трофејот на Светското првенство.
- Тоа е официјална облека и се носи за прослави. Ова беше прослава на Меси. Светското првенство беше можност да му ја покажеме на светот нашата арапска и муслиманска култура. Не се работеше само за Катар, тоа беше прослава на целиот регион.
Луѓе од различни општествени слоеви можеа да дојдат, да искусат што се случува овде и да сфатат дека, можеби, не се согласуваме за сè, но, сепак, можеме да славиме заедно – објасни Хасан ал Тавади, генерален секретар на Организацискиот комитет на Светското првенство во Катар.
Ова го потврди и Мустафа Баиг, предавач по исламски студии на Универзитетот во Ексетер.
- Во спротивно, само неколку одбрани луѓе би можеле да носат бишт. Тие во основа му оддадоа почит на Меси ставајќи му го преку рамо. Тоа е како знак на почит, еден вид културно добредојде и културно прифаќање. Мислам, нема поголема можност за оддавање почит кон некого – објасни Баиг.
Инаку, биштот може да биде црн или кафен. Понекогаш е извезен со златна боја, што означува дека лицето кое го носи е од благородно семејство.
Биштот обично се прави од влакна од камила и се носи за посебни пригоди – за време на прослави, приеми или свадбени церемонии. Мажите носат бели биштови, бидејќи го минуваат поголемиот дел од денот надвор од дома, на сонце и високи температури. Жените носат црн бишт – кога остануваат дома, да не им се валка облеката.
Меси носеше речиси ист бишт со емирот на Катар.