Земјотрес го погоди југот на Грција

417

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужна Грција.

Како што јави грчкиот портал Екатимерини, земјотресот се случил на длабочина од 132 километри, на 39 километри југозападно од островот Китнос.

Се наоѓа на 70 километри јужно од Атина.

Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.