Земјава сега плаќа гас по 98 евра за мегават час, а на берзите е 60 евра

46

Во моментов, цената на гасот на берзите е пониска од онаа што државата ја плати за февруари.

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ, денеска, одговарајќи на новинарски прашања призна дека во моментов цената на гасот на берзата е пониска од онаа на Балкан Јутилитис, бугарската компанија од која државните електрани решија да купуваат природен гас.

Или, во моментов берзанската цена е околу 60 евра за мегаватчас, а исто така и трендот е надолен, додека, пак, според договорот со бугарската фирма, земјава плаќа 98 евра за мегаватчас.

Аргументите на првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, се дека берзите се непредвидливи, односно како цената паѓа, така може и да порасне, но кога тоа ќе се случело, нашите граѓани од тоа ќе биле заштитени. Тој тврди дека во наредниот период ќе се направи анализа за набавка на енергенси, која треба да даде јасна слика дали државата платила повеќе или помалку.