Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар Асад

61
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар Асад, стои во декретот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседателски кабинет.

Во документот се наведува дека Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки.

Рестриктивни мерки се изречени за уште 300 физички и 141 правно лице. Повеќето од оние на списокот со санкции се руски државјани, но во него има и голем број ирански државјани. Рестрикциите влијаат на руските компании за истражување и производство, бродоградба и воздухопловство. На списокот се и неколку ирански компании.

Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, воведување ограничувања на комерцијалните трансакции и транзит на ресурси, забрана за учество во приватизацијата во Украина, престанок на извршувањето на економските и финансиските обврски кон санкционираните и конфискација на украински државни награди.