Зелена Комета ќе прелета покрај Земјата: Светлина видлива еднаш во 50.000 години

139

Вселенското тело познато како Зелена Комета, кое кружи околу Сонцето на секои 50.000 години, наскоро ќе прелета покрај Земјата.

– Во мигов е невозможно кометата да се види со голо око. Сепак, како што се приближува крајот на јануари, таа ќе станува сѐ посветла и ќе биде видлива со голо око ако небото е ведро и нема многу светлосно загадување во вашата област, вели Пол Вигерт, професор на катедрата за Физика и астрономија при Западниот универзитет во Лондон.

До 1 февруари, кометата со научен назив Ц/2022 E3 (ЗТФ) ќе се приближи до нашата планета, а нејзината поставеност на небото е таква што најдобро ќе се забележи од Канада.

Кометата го заобиколува Сонцето само еднаш на секои 50.000 години. Тоа се случило на 12 јануари и сега таа се движи кон Земјата на својот пат вон Сончевиот Систем. Поради природата на нејзиното движење, можеби „ова ќе биде последната можност за човештвото да ја види оваа комета“, велат на шега познавачите.

Се смета дека Зелената Комета доаѓа од Ортовиот Облак – подрачјето околу надворешниот Сончев Систем за кое се смета дека содржи милијарди комети, главно во стабилна орбита околу Сонцето.