Берлускони треба да испорача автобус полн со проститутки

69
epa10267484 Leader of Forza Italia Silvio Berlusconi ahead of a confidence vote for the new government, at the Senate in Rome, Italy, 26 October 2022. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Видеото кое беше снимено на крајот од изминатата година и во кое сопственикот на италијанскиот калчолигаш Монца, Силвио Берлускони, им дава подршка на своите играчи и останатите вработени во клубот повторно е хит на сите социјални мрежи. За време на божикната забава, поранешниот премиер на Италија и вети на играчите „полн автобус со проститутки“ доколку неговите избраници слават против некој голем клуб од Серија А, како што е Милан, Јувентус или Интер.

Неговата желба стана реалност во неделата кога Монца сосема неочекувано со 2:0 го победи тимот на Јувентус и тоа сред Торино.

По натпреварот, првиот човек на Монца откри дека веќе има добиено повеќе од 100 телефонски повици и дека од него се бара да го исполни даденото ветување. Нема дилема дека Берлускони сакаше на оригинален начин да ги мотивира своите фудбалери пред стартот на вториот дел од актуелната сезона, но не очекуваше дека толку брзо ќе дојде победата над Јувентус и тоа на гостински терен.

Сега се поставува и прашањето дали Берлускони ќе го исполни даденото ветување кое даде со насмевка на лицето. Играчите на Моцна се надеваат дека „газдата“ ќе остане на даденио збор, а ако се вратиме во минатото, лесно ќе дојдеме до заклучок дека Верлускони без никакви проблеми може да организира уште една „бунга-бунга“ забава и тоа полн автобус проститутки.

По натпреварот против Јувентус, Монца објави слика од клупскиот автобус кој беше паркиран на „Алијанц арена“. Благодарение на триумфот во Торино, „црвените“ сега се на 11-та позиција на табелата со 25 бода, два повеќе од Јувентус кој моментално е на 13-та позиција.