За прв пат во историјата – две жени на раководни позиции во Мосад

137

Израелската разузнавачка служба Мосад, за прв пат во својата историја постави две жени на високи позиции во својата тајна служба.

Соопштението го даде израелската дипломатија на својот Твитер профил преку кратка информација и фотографија, наводно од новата шефица, но фотографијата е заматена.

Не се соопштени ни имиња на двете жени на раководните позиции, туку тие се означени само со букви „А“ и „К“. Дали тоа се иницијалите на нивните имиња и презимиња или ознаките се доделени по случаен избор, не се знае.

„А“ ја доби функцијата директор на Управата за разузнавање, а за шеф на одделот за Иран е поставена жена под иницијалот „К”.