Захарова: Западот ги поттикнува Албанците на агресивна србофобија

98

Привремените институции во Косово продолжуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во јужната српска покраина – ограничувајќи ги правата на српското население, објави на неделен брифинг портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Овој пат на Србите им е забрането да гласаат на вонредните парламентарни избори.

Како што истакна таа, албанските „власти“ на Косово грубо ги прекршиле избирачките права на локалните Срби со тоа што не им дозволиле да гласаат во своите места на парламентарните избори во Србија.

– Предлогот да се склучи некаков меѓудржавен договор за ова личи на потсмев. Т.н pремиер на Косово, Албин Курти, продолжува со цинична уцена со цел Белград да ја признае независноста на покраината. Ова е уште еден напад на досегашната практика на гласање на Србите под покровителство на ОН на Косово. Додека САД и ЕУ на секој чекор се претставуваат како заштитници на демократските стандарди, во овој случај тие замижуваат пред кршењето на основните права на косовските Срби. Тие едноставно не сакаат да се вклучат во тоа, поттикнувајќи ги со тоа своите штитеници, Косовците, на уште поагресивна србофобија – истакна таа.

Вонредните парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 17 декември. Србите од Косово ќе можат да гласаат во голем број општини на југот на земјата.