Српскиот ММА репрезентативец, Стефан Савиќ (23), им подлегнал на повредите откако непознат напаѓач во Белград му забил нож во близина на срцето, а потоа и под пазувите. И покрај интервенцијата на Итната помош и максималните напори во Ургентниот центар во Белград, лекарите не успеале да го спасат.

Сега, неговите зборови, дадени пред еден месец, во интервју за српските медиуми звучат застрашувачки.

  • Мислам дека борењето треба да го практикува секој маж, дека треба да биде задолжително. Се пронаоѓаш, гледаш каде си, што си. Сега постоиш, за пет минути ќе те нема, затоа што си донел некои погрешни одлуки. Некој ќе ти замери затоа што си кажал нешто погрешно, има луѓе кои ќе ве критикуваат за некој грд збор или однесување. Сфаќате колку е нешто опасно, како треба да се однесувате и добивате некои кодекси на однесување, изјави Савиќ.

Кобниот напад на Стефан се случил околу еден час по полноќ на една од белградските улици.