Кик-боксерот Рико Верховен повторно го победи Бадр Хари пред се благодарение на повредата на легендарниот Мароканец. Шампионот беше нокаутиран двапати, но Хари потоа ја повреди ногата и судијата го прогласи Верховен за победник.
Прес-конференцијата по натпреварот донесе вистински хаос. Додека Рико зборуваше за дуелот, кик – боксерот Хесди Гергес влезе во салата и буквално го испровоцира шампионот. Верховен буквално полуде кога го виде Египќанецот и воедно му се закани дека ќе го нокаутира.
-Едноставно, твојот противник беше подобар, извикуваше Гергес додека Рико зборуваше за дуелот.
Тоа го полуде шампионот.
-Што сакаш? Замолчи или ќе го избришам подот со тебе. Ќе те нокаутирам, му возврати Верховен.
Но, вербалната комуникација не застана тука.
-Рико, е*и се. Дојди, дојди одма да ги исплескам задникот, додаде Хесди.
Гергес има 50 победи и 19 порази во кариерата. Тој го одработи својот последен натпревар во 2018 година кога загуби од Бадр Хари, но тој натпревар беше прогласен за неважечки бидејќи двајцата кик – боксери паднаа на допинг тест. Тој веќе двапати загуби од Верховен.