Ракометната федерација на Германија, преку видеоконференција со 36 клубови од првата и втората Бундеслига, одлучија да ја завршат сезоната.

Титулата шампион на Германија му припадна на Кил, кој беше лидер пред да се прекине шампионатот поради пандемијата со коронавирусот.

Излегувањето на меѓународната сцена изборија уште Магдебург, Хановер и Рајн Некар Левен. Овие тимови ќе се натпреваруваат во европските купови.

Влез во најсилната германска лига изборија ХСВ 2000 и ТуСем Есен, додека никој не е исфрлен што занчи дека следната сезона во Бундеслигата ќе се натпреваруваат 20 тима.