Заборавете на Реал (М) и Манчестер С. – ПСЖ ќе има пеколен тим!

2161
epa11027859 PSG players react after the UEFA Champions League group stage soccer match between Borussia Dortmund and Paris Saint-Germain, in Dortmund, Germany, 13 December 2023. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Сè уште не е сто проценти сигурно каде ќе ја продолжи Килијан Мбапе кариерата, иако сите медиуми тврдат дека негова следна дестинација ќе биде Мадрид, поточно тимот на Реал.

Неодамна беше објавено дека тој веќе се договорил и потпишал петгодишен договор со шпанскиот гигант, каде што ќе биде еден од најплатените играчи на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, прашање е кој ќе го наследи во ПСЖ. Имаше шпекулации за тоа, а како што стојат работите, актуелниот шампион на Франција подготвува пеколно лето.

Наводно, прва цел на „светците“ во текот на летниот преоден рок е напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, кој треба да биде замена за Мбапе.

Освен него, во игра е и ѕвездата на Наполи, Виктор Осмихен, кој чини 100 милиони евра. Еден од двајцата од следното лето ќе го носи дресот на ПСЖ.

Според француските медиуми, ПСЖ следното лето ќе има огромен буџет и ќе потроши над 200 милиони фунти за да го амортизира заминувањето на Мбапе.

Покрај нов напаѓач, ПСЖ следното лето сака да доведе и играч за врска, а прв пик е фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, Гави.

Очигледно Гави нема ништо против трансферот, а плус повторно би соработувал со Луис Енрике, кој му даде шанса да дебитира за Шпанија.

Еден од играчите што ќе се обиде ПСЖ да го доведе е ѕвездата на Баерн (М), Џошуа Кимих, кој не ја гледа својата иднина на „Алијанц арена“ додека е Томас Тухел на кормилото.

Сепак, фудбалските медиуми и стручњаци со право се прашуваат дали ПСЖ ќе има корист од заминувањето на Мбапе или сè ќе оди во лош правец.