Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

На изборното ливче имињата на кандидатите за претседател на државата ќе се најдат по следниов редослед:

    1. Стево Пендаровски
    2. Гордана Силјановска Давкова
    3. Стевчо Јакимовски
    4. Бујар Османи
    5. Билјана Ванковска Цветковска
    6. Арбен Таравари
    7. Максим Димитриевски