Жика од шоуто „Никогаш не е доцна“ отворено зборува за својот љубовен живот: Секој со својата среќа и тогаш кога е брачниот кревет во прашање

7562

Искрен и духовит! Жика Јакшиќ, водителот на популарното долгогодишно ТВ-шоу „Никогаш не е доцна“ („Никад није касно“, кое го гледаме на телевизија „Сител“), во кое редовно настапуваат и македонски надежни пејачи во своите зрели години, најпосле прозборува за својот интимен живот:

– Вистина е дека ја криев приватноста, а и зошто би зборувал за тоа. Знам дека многу ги интересира луѓето со која жена живеам, а јас сега живеам убаво во вонбрачна врска. Имав две законски сопруги, ама раскинав и со едната и со другата. Со секоја од нив имам по еден син, Андрија и Душан. Постариот Андрија ми е од првиот брак, а Душан е од вториот брак со Дајана Пауновиќ. Но, и тој брак не ми успеа. Сега сум во вонбрачна врска со една адвокатка. Со неа ми е најубаво. Карактерно се пронајдовме.

Жика, како Жика, харизматичен е и кога зборува за љубовниот живот. Тогаш знае да биде многу духовит, па да го сврти сето тоа на шега.

– Се вљубувам во жените за еден ден, но исто толку брзо и се одљубувам. Јас сум како оние мајстори за јога. Можам да задоволам некоја жена така што ќе направам да биде среќна во креветот, но не можам секогаш такво нешто. Така е и со мојата нова девојка. Ние најдовме некаков баланс и сега сè е во ред. Отворено зборувам за тоа, не е срамота. Секој со својата љубовна среќа и тогаш кога е брачниот кревет во прашање – објасни Жика неодамна пред новинарите и сите добро ги насмеа.  Дали му е за верување или не, проценете сами.    Д.М.