
Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, по срамниот пораз од Саудиска Арабија изјави дека ништо не е готово.
- Ни беше тешко да се вратиме во игра откако противникот постигна два гола за пет минути. Тоа им беа единствените удари кон нашиот гол. Друго ќе беше ако сите офсајти беа погодоци. Ова беше чуден натпревар. Немаме друг избор, мора да застанеме на нозе и да продолжиме напред. Мислам дека одигравме добро. Има уште два натпревара во групната фаза. Тажен ден, но мора да идеме напред, изјави Скалони.