Д-р Пановски: Пандемијата е пред крај, но луѓето се научија да живеат во страв

354

Пандемијата чиј крај се гледа, кај нас преминува во ендемија, вели микробиологот, д-р Никола Пановски, за Канал 5.

„Сѐ уште има луѓе кои не можат да се ослободат од маските, им станало навика. Носат по две маски, и надвор и внатре, а има и такви кои сѐ уште не одат на гости“, вели докторот.

Иако епидемиолошката крива е стабилна, докторот објаснува дека се навикнавме да живееме во страв, па за дел од граѓаните потребен е период на адаптација за да се вратат на она „старо нормално“ кое го живееле пред короната.