Статистиката ги утврди најчестите роденденски датуми на светот

254
Организацијата Ворлд оф статистикс објави интересни податоци за најчестите родендени на светот.
Според најновите податоци, најмногу луѓе се родени на 9.септември, додека вториот најчест датум на раѓање е 19 септември.

Според статистиката со која располага оваа организација, најмногу луѓе се родени во септември па на трето и четврто место се датумите 12 септември и 1. септември.

Најреткиот роденденски датум, веќе претпоставувате,се паѓа на 29 февруари. Луѓето родени ан овој ден можат да слават роденден на точниот ден на раѓање секоја четврта година.
Луѓето родени на католички Божиќ, 25 декември, се на претпоследно место.