Дојави за бомби денеска има во 31 училиште во Скопје

40

Денеска (01.03.2023) до 08.20 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на  31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштуваат од МВР.