„Доаѓаат јавачи на апокалипсата“ – Медведев остро се закани со ТОТАЛЕН НАПАД!

618

Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност и поранешен претседател на Русија, денеска зборуваше за актуелната ситуација во Украина како и за геополитичката ситуација.

Во обраќањето Медведев наведе дека пристигнуваат „јавачите на апокалипсата“ и со тоа ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје во Украина. Соединетите Американски Држави неодамна одлучија да испратат повеќецевни ракетни фрлачи „HIMARS“ на украинската армија.

Медведев им се закани на сите западни сили, пред се на САД, да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија. Тој не прецизираше што точно мислел под „тотален напад“.

Западните медиуми го опишуваат Медведев како човек кој секогаш се согласува со рускиот претседател. Коментирајќи на својот профил на Телеграм, тој рече дека автоматски мрази секој што шири лаги против Русија.

„Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку строги и брутални. Одговорот е – затоа што ги мразам. Мразам секој што шири лаги против Русија. Сакаат смрт за Русија и јас ќе направам се таквите луѓе да исчезнат“, изјави Медведев.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги прошири своите воени планови доколку продолжи масовната испорака на оружје за Украина.

„Јавачите на апокалипсата доаѓаат“, рече тој, алудирајќи на САД.

Тој се осврна на цинизмот и лицемерието на Западот.

„Клучните задачи се денацификација и демилитаризација, но тоа не може да се постигне само со борба на фронтот. Ова се прави за доброто на идните генерации со цел да се создаде слободна евроазиска зона, од Лисабон до Владивосток. Аналитичарите на НАТО и Европската унија постојано тврдат дека ние им се закануваме на сите со нуклеарни проектили и тоа го презеде врвот на агендата против Русија. И секако Европејците се најгласни во тоа. Во контекст на западната војна против Русија, сакам да нагласам дека апсолутно на сите им е јасно за што се работи“, заклучи Медведев.