Директорот на ЦИА предупреди: Постои реален ризик Украина да ја загуби војната до крајот на годината

196

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс предупреди дека постои „реален ризик“ Украинците да ја загубат војната со Русија на бојното поле до крајот на 2024 година.

Брнс рече дека на Украина и снемува муниција, а на Западот му снемува време да му помогне на Киев.

Тој ги критикуваше американските пратеници за одложување на испораката на дополнителна помош за Украина, пренесува Гласот на Америка.

„Со дополнителна помош од американскиот Конгрес, мислам дека Украинците можат да се одржат на бојното поле во 2024 година и да продолжат да прават штета на Крим и против Црноморската флота“, рече директорот на ЦИА.

Русија ги засили воздушните напади со долг дострел против енергетскиот систем на Украина и други цели во последните неколку недели, зголемувајќи го притисокот врз Киев далеку зад линијата на фронтот каде руските сили полека напредуваат на исток.