Каталонскиот гигант Барселона и лондонскиот премиерлигаш Челзи моментално водат голема борба околу потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала. Во договорот на крилниот напаѓач има и ослободителна клаузула од само 12 мил. евра, но истата важи до почетокот на летниот преоден рок.