Дефинирана цената на Силва

    39

    Раководните лица на португалскиот гигант Бенфика испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на дефанзивецот, Антонио Силва. Репрезентативецот на Португалија важи за голема желба на најбогатите клубови во Премиер лигата и во шпанската Ла Лига, но официјалната понуда за неговото обештетување не смее да биде помала од 100 мил. евра.