Раководните лица на англискиот премиерлигаш Астон Вила испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец Даглас Луиз. Дефанзивниот играч за врска ќе биде продаден во јануари само доколку официјалната понуда не биде помала од 60 мил. фунти, а најголем интерес за неговите услуги покажува лондонскиот премиерлигаш Арсенал.