Во експлозијата што се случи во четвртокот околу 20 часот и 35 минути на последниот кат од зграда во Смедерево, смртно настрада сопственикот на станот, откако наводно активирал експлозив, а беа повредени и две лица, соопшти српското МВР.
Припадници на МВР се уште се на терен.
Истрагата е во тек.
Иако прво се шпекулираше дека експлозијата била предизвикана од плинска боца, новите резултати од истрагата укажуваат на можноста станот на 4 кат да е разнесен со експлозив.
Се верува дека биле употребени неколку килограми експлозив со голема разорна моќ“, открива извор од истрагата за српски Телеграф.
Форензичарите во текот на вечерта и ноќта собирале докази пред и во зградата во која се случила трагедијата.
Голема материјална штета е причинета и на други станови, а на станарите не им било дозволено да влезат во зградата додека траела истрагата.
Во овој момент не се знае кој е лицето што го загуби животот во експлозијата, ниту дали се работи за напад со некоја цел, односно кој бил мотивот за злосторството што ги потресе смедеревци.