Бон Труонг (55) ги користел истите лото комбинации, речиси 30 години, и на крајот тие исти комбинации му донесоа милиони долари. Исто така, Бон 10 месеци психички се подготвувал да ја преземе својата премија од неверојатни 60 милиони канадски долари (околу 40 милиони евра)!
Труонг 30 години ги играл истите лото броеви ;2,3,4,8,9,20,30, што е, всушност, комбинација од родендените и посебни датуми на целото негово семејство.
Сега, по 30 години, тие броеви го донесоа до милиони.!
„Не можев да верувам дека ја освоив главната награда. Отидов во лотаријата и ги замолив да ги испечатат добитните броеви што ја освоија наградата ,само да се уверам дека е тоа вистина. Го однесов ливчето дома и гледал втренчено во броевите на добитното ливче неколку часа. Неверојатно” рече Труонг за медиумите во градот Едмонтон.
Интересно е и тоа дека Туронг чекал и се подготвувал психички 10 месеци пред да ја преземе лотарискта џекпот награда, бидејќи сакал психички да се подготви за преземањето на толку голема количина пари.
„Размислував за тоа што би можело ова да му направи на моето семејство, што би можело да ни значи. Сфатив дека ова би можело во голема мера да ги смени нештата и сакав да се убедам дека сме подготвени за промени што доаѓаат со толку многу пари“, рече тој.
Со парите што ги освои, тој планира да ги отплати долговите и да купи нова куќа за своето семејство. Истакна дека првото нешто на кое помислил било тоа дека е пресреќен што ќе може да ги отплати семејните долгови.
„Планираме да заминеме на заслужен одмор. Не сум уште сигурен каде, мислам дека ќе одиме насекаде низ светот“, откри тој насмеано.
Сепак, откако ќе ги исплати долговите и ќе го почести семејството со одмор, скромниот Труонг планира да му се врати на градинарството. Тој вели дека е уште млад и способен за работа и не сака да губи време.