Денеска дојавите за бомби пристигнаа на првиот училишен час

57

Во училишта во Скопје утринава повторно има дојави за поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека има нови дојави за бомби, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Дојави за бомби во изминатите денови имаше во повеќето основни и средни училишта во Скопје. По предлог на Министерството за образование и наука, во оние училишта каде има дојави за бомби треба да се спроведува онлајн настава.