epa05109576 Germany head coach Dagur Sigurdsson reacts during the 2016 Men's Handball European Championship handball group C match between Germany and Sweden at the Centennial Hall in Wroclaw, Poland, 18 January 2016. EPA/MACIEJ KULCZYNSKI POLAND OUT

Исландскиот ракометен тренер Дагур Сигурдсон, официјално поднесе оставка од функцијата селектор на јапонската ракометна репрезентација, соопштија од тамошната федерација. Исланѓанецот со тоа е на чекор до преземање на хрватската репрезентација, а челниците на ХРС веќе извесно време се во преговори со Сигурдсон и го чекаат неговиот одговор.

-Иако имаше договор според кој ќе биде селектор на Олимписките игри во Париз, Дагур Сигурдсон ненадејно нè извести дека планира да поднесе оставка од функцијата селектор на јапонската репрезентација и дека сака да преземе селекција на друга земја пред Олимписките игри“, се вели во јапонското соопштение.

Но, не е исклучено таа друга земја да не е Хрватска. Како што дознава „Индекс“, Сигурдсон го чека расплетот на ситуацијата во Загреб и постои можност да ја прифати понудата на ХРС. Но, Исланѓанецот наводно чекал понуда и од Германија и би сакал да се врати на местото каде што ги направи најголемите успеси.

Сигурдсон беше германски селектор од 2014 до 2017 година, а во 2016 година освои европско злато и олимписка бронза. После тоа замина во Јапонија, каде стана најплатениот ракометен тренер во светот. Исланѓанецот заработува по еден милион евра годишно.