Грчкиот медитерански шмек во центарот на Скопје во Limak Skopje Luxury Hotel

99

Во центарот на Скопје фалеше само звукот на морето и песокот под нозете. На „Грчката вечер“ што ја организираше Limak Skopje Luxury Hotel, посетителите уживаа во прекрасните медитерански специјалитети, „зачинети“ од вештите раце на готвачите-виртуози и преку своите сетила се префрлија на грчките плажи.

Морските специјалитети, прекрасното фета сирење зачинето со добро познатото маслиново масло, неизбежното узо и прекрасните десерти, беа дел од менито. Покрај кулинарското уживање, атмосферата беше збогатена и со грчка музика, а звукот на бузукито, ги крена на нозе гостите, кои се забавуваа со традиционалниот грчки танц и обичајот на кршење чинии.

Limak Skopje Luxury Hotel стана препознатлив по организирање на тематски настани во својот ресторан, креирајќи уникатна понуда која на посетителите им овозможува да „патуваат“ на различни дестинации преку автентичните вкусови и традиционалната музика. До сега во Limak Skopje Luxury Hotel се организираа неколку вакви настани меѓу кои „Шпанска вечер“, „Аргентинска вечер“, „Турска вечер“ и „Српска вечер“.