Граѓаните со најниски примања наскоро ќе ја примат помошта

Тренчевска потсети за антикризните мерки

301

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со пратеничката Даниела Колева  се сретнаа со над 40 пензионери во Кавадарци и лично ги информираа пензионерите за поддршката предвидена со деветтиот пакет на антикризни мерки.

Според Тренчевска, примателите на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци, примателите на пензија до 14.001 денари до 16.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци и дека третата група на пензионери кои ќе добијат поддршка се примателите на пензија до 16.001 денари до 19.000 денари и истите ќе добијат финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од 5 месеци.

-Овие мерки се обезбедени од посебна програма на Владата за антикризни мерки и парите се директно обезбедени од централниот Буџет. Мерките ги носиме за поддршка, а во меѓувреме ја задржуваме стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – рече Тренчевска.

Министерката на средбата потсети и на времето кога исплатата на пензиите на месечно ниво се реализираше во три различни датуми. Тренчевска посочи дека работата на Работната група продолжува со цел изнајдување на соодветно решение за минималната пензија.