Горан, братот на починатата Слаѓана Милошевиќ од “убавец како Аполон“,  до снеможен дедичко

279

Неговата поранешна девојка, веројатно и последната, Јелена Тинска од Нови Сад, инаку позната и како танчарка од групата „Локице“, јавно напиша дека Горан е „убав како Аполон“, додека тие во младоста беа во љубовната врска

Горан Милошевиќ, братот на неодамна починатата музичка рок-принцеза, Слаѓана Милошевиќ, и поранешен пејач на познатата белградска поп-рок-група „Генерација 5“, сè уште, разбирливо, е во длабока тага. Впрочем, тагата и спомените на сестра си Слаѓа, кај него ќе останат во срцето сè додека и тој самиот живее.                            Тие беа неверојатно многу приврзани и свртени еден кон друг, се занимаваа со истата работа, со музиката и естрадата, и си помагаа еден на друг. Си имаа муабет и почитување.

Сега е Горан сам, препуштен на милост и немилост, и тоа најтешко му паѓа. На времето, во својата младост, беше најзгодниот фраер на српската рок-сцена.

Девојките лудуваа по него. Неговата поранешна девојка, веројатно и последната, Јелена Тинска од Нови Сад, инаку позната и како танчарка од групата „Локице“ јавно напиша дека Горан е “убав како Аполон“, додека тие во младоста беа во љубовната врска. Но, годините си помина. Многу години од тогаш.

А, токму тие години оставија голем ужасен белег врз физичкиот изглед на Горан.        Ниту траг ниту глас од некогашниот убавец. Сега има 64 години, кои и не важат за старечки години, но кај Горан ситуацијата е сосема поинаква. Поприлично е пропаднат, снеможен, без својата некогашна препознатлива бујна битлс-коса, а неговото тело остава впечаток на некој си 80-годишен дедичко. Поупатените велат дека тоа е поради болеста, која тој некако успеа да ја надмине, но други кажуваат дека Горан цело време повеќе се грижеше за сестра си Слаѓана, отколку за себе. Остана сам без семејството, а сега и без саканата сестра. За жал, кај него речиси сè е тажно од потажно.    Д.М. фото:архива