Голем интерес за Мањан

82

Челниците на Челзи, Манчестер Јунајтед, Баерн (М) и на ПСЖ, со големо внимание ја следат ситуацијата околу првиот голман на италијанскиот калчо гигант Милан, Мајк Мањан. Раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион сакаат да ја продолжат соработката со репрезентативецот на Франција чии моментален договор е со важност до 2026 година, а според новиот треба да има дупло поголема плата од таа која моментално ја заработува.