Гарантирано безбеден пристан: Приватен остров само за неа или онаму каде што машка нога не стапнува/ВИДЕО

138

Лоциран на брегот на Финска во Балтичкото Море, островот по име Суперши (SuperShe) е веројатно еден од најпосебните острови во светот. Овој остров е толку посебен затоа што до него не може да стигне голем дел од светското население, поточно – никој.

Пред неколку години, една жена претприемач ја продаде својата компанија и го купи ова парче „рај на земјата“ за да создаде совршена оаза исклучиво за жени. Сите припаднички од понежниот пол можат да поминат неколку дена на овој остров и да се посветат на себе, на своето тело, ум, душа…

Како е создаден

Заедницата попозната како Суперши, која ги собира жените низ светот за да си помагаат меѓусебно да живеат здрави, зајакнати животи, е замисла на Кристина Рот, која до пред неколку години водеше консултантски бизнис вреден неколку милиони евра.

Таа одлучи да ја продаде својата компанија за да проба нешто сосема ново.

„Решив да ја насочам својата енергија на нешто забавно и нешто што ме инспирира, па создадов мрежа од силни жени. Така ми дојде идејата за островот. Сакав да им дадам простор на жените да бидат тоа што се и да учат една од друга, далеку од надворешниот свет“, изјави оваа успешна жена за која пишуваа највлијателните светски медиуми при лансирањето на проектот, а пренесува usatoday.

Откако беше лансиран проектот, островот ја „зароби“ имагинацијата на жените низ светот кои ја прифатија неговата убавина и осаменост, користејќи го како лек за душата и катализатор за креативност.

Мажите не им е дозволен пристап

На оваа камена „ничија земја“, опкружена со борова шума, има заштитен простор ослободен од притисоците на секојдневниот живот во општеството во кое доминираат мажи.

„Нашиот остров е подмладувачки и безбеден простор каде жените можат повторно да се откријат себеси и своите желби, место каде што можат да бидат тоа што се“, вели Кристина Рот.

Воздухот на овој остров е еден од најчистите во светот, збогатен со мирис на бор, кој е вистински мелем за душата и телото.