
Германските медиуми открија дека во следните десет дена хрватскиот интернационалец од редовите на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол, ќе донесе конечна одлука околу својата клупска иднина. Централниот дефанизвец е на слатки маки затоа што интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и на Реал (М), а од неговата продажба „биковите“ очекуваат заработка не помала од 100 мил. евра.