В недела лидерска кај претседателот на државата

55

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17:00 часот во „Вила Водно”.

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Касами.