Дома LIFE Вучиќ „се пресмета“ со неговиот двојник: „Ти реков ништо да не потпишуваш“/ВИДЕО/ВИДЕО

Вучиќ „се пресмета“ со неговиот двојник: „Ти реков ништо да не потпишуваш“/ВИДЕО/ВИДЕО

241

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok, а едно од најгледаните е она во кое преку видео повик разговара со својот двојник, односно со човекот кој се претставува на истата мрежа под прекарот “dnevna.doza.predsednika”.

Нивното прво видео има повеќе од 1,4 милиони прегледи, па решија да снимат уште едно, но овој пат во живо.

Видеото започнува така што двојникот на Вучиќ стои на говорница и им се обраќа на публиката и на медиумите со: „Добар ден, дами и господа“, а потоа кадарот се менува во претседателот кој го прашува: „Извинете, а вие сте?“.

Тогаш неговиот двојник се претставува како претседател на Србија и вели дека има многу важна најава.

Во следниот момент двајцата играат шах, а Вучиќ го матира.

Додека седи на масата и ги гледа хартиите, Вучиќ му приоѓа и му вели: „Што правиш овде? Реков ништо да не потпишуваш“.

Инаку, човекот што го имитира претседателот се вика Далибор Голубовиќ.

@jasamaleksandar Lepo sam rekao da ništa ne potpisuješ. @dnevna.doza.predsednika #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 #srbijanesmedastane #dnevnadozapredsednika #follow ♬ original sound – Ja sam Aleksandar