Вучиќ: Курти е „терористичко ѓубре”, Србија нема да учествува на самитот ЕУ – Западен Балкан

127

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја критикуваше одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање на Косово. Вучиќ ја нарече Рада Трајковиќ, која беше назначена за советник на Рашиќ, „српско ѓубре“, додека Курти го нарече „терористичко ѓубре“.

„Изборот на Рашиќ, човек кој освои помалку од еден процент, како и на Рада Трајковиќ, која беше на неговата листа, покажува дека тие сакаат прогон, протерување и исчезнување на Србите од Косово и Метохија. И сега имам неколку работи што сакам да ги кажам, пред официјалното обраќање и средбата со Вархеји, ако таа воопшто се случи“, изјави Вучиќ за „Пинк“.

Тој додаде дека „нема полоши“ од Рашиќ и Трајковиќ и дека ја немаат довербата на Србите во Косово, „туку довербата на западните агенции и терористичкото ѓубре Курти“.

Ја нарече срамна реакцијата на ЕУ за именувањето на Рашиќ и нагласи дека поради ова српската делегација нема да учествува на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тирана.

„Никој од Србија нема да биде во Тирана на 6 декември, но дојдете, земете дневници, патувајте како сакате, секој од Европа, секој од Западен Балкан, забележете дека Србија е виновна за нешто. – изјави Вучиќ.

Обраќајќи му се на Курти, Вучиќ рече дека „се грижи да не повреди ниту еден Србин, заедно со квислинзите што ги избрал“, бидејќи Србите заедно со државата Србија „ќе знаат како да одговорат“.

Српската листа објави дека дава целосна поддршка и го поддржува секој збор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој, како што се наведува, го разоткрил лицемерниот однос на меѓународната заедница кон српскиот народ на Косово и Метохија и кон државата Србија.