Вучиќ во интервју за Си-Ен-Ен:Повикувам на мир

76
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за Си-Ен-Ен рече дека од доаѓањето на Аљбин Курти на власт во Приштина имало 353 етнички мотивирани напади на Срби.
Како што истакна, од почетокот на оваа година шест лица се застрелани, од кои две деца.
Ги повика Србите на мир и да направат се да се заврши ситуацијата што ја дестабилизираше Приштина.
Во разговор за Си-Ен-Ен тој појасни дека српската страна исполни се што беше договорено, почнувајќи од Бриселскиот договор од 2013 година, додека Приштина не ја исполни својата единствена обврска-формирање на ЗСО.

Потсети дека последните избори на северот на Косово немаа легитимитет, бидејќи само 3,4 бирачи излегоа на гласање.