Вреди кај Курти: За првпат албанска опозиција освои над 100 илјади гласови

67

Косовскиот премиер и лидер на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, викендов ги примил лидерите на коалицијата Вреди, на која им честитал за изборниот резултат во Македонија, нагласувајќи дека за првпат албанска опозиција освоила над 100 илјади гласови. На средбата кај Курти биле Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, кои со фотографии и краток текст информираат за средбата и за содржината на разговорите. „Плодна средба со премиерот на Република Косово, г. Албин Курти, во Приштина“.

Инаку, Самоопрелување на Курти, преку свои претставници со македонско државјанство, е дел од коалицијата Вреди, како „четврти столб“, како што велат од коалицијата, односно учествуваше на македонските избори.