EPA-EFE/JOEL CARRETT

Некогаш беше голема ѕвезда во Мото ГП шампионатот, а денес е најголем измамник, но си заводник. Поранешната ѕвезда на Мото ГП, Андреа Јаноне, се враќа на патеката по четиригодишна суспензија поради пад на допинг тестот. Италијанецот тоа го „прослави“ со провокативни фотографии со пејачката Елоди, а социјалните мрежи „грмат“ од експлицитност.

Италијанскиот возач дебитираше во Мото ГП во 2013 година и помина шест години на најголемата сцена каде имаше подеми и падови, но за жал никогаш не го покажа големиот потенцијал.

На крајот на 2019 година, Јаноне го допре дното откако беше позитивен на допинг тест, а набргу потоа му истече договорот и доби четиригодишна суспензија која конечно истече оваа година. Тој експресно се врати на патеката по завршувањето на суспензијата, но тешко дека некогаш повторно ќе го видиме во Мото ГП шампионатот. Моментно вози за GoEleven во Светскиот шампионат во супербајк.

Враќањето на патеката Јаноне го прослави со фотографии кои ги објави неговата девојка, добро познатата пејачка Елоди, со која е во врска со години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elodie (@elodie)

Јаноне и Елоди претходно знаеја да ја изненадат јавноста со провокативни фотографии од кревет, но овој пат ги поминаа сите граници. Тие уживаа голи во базен, а фотографиите ги објавија на социјалните мрежи. Своите интимни делови ги покрија, а популарната пејачка реши да ги почести своите фанови со експлицитни содржини. Иако добија над половина милион лајкови, на крајот беа мета на критики во јавноста бидејќи покажаа премногу.

Елоди е 33-годишна италијанска пејачка и актерка која е исклучително популарна на Апенините. Таа е многу популарна и на социјалните мрежи каде не бега од објавување разголени фотографии. На Инстаграм ја следат 3,5 милиони луѓе, додека Јаноне има два милиони следбеници помалку, но неговите објави се многу „позатворени“.