Во Центарот за култура во Битола: Проекција на 11 македонски филмови

79

Центарот за култура-Битола во своето 3Д-Кино од вечерва до 3 февруари ќе ја промовира македонската кинематографија.

За филмофилите од овој град ќе бидат емитувани 11 нови и постари филмови од истакнати македонски режисери, а ревијата започнува со филмот “Кобра“ на режисерот Игор Иванов.

“На филмското платно ќе бидат и проекциите на филмовите “Соба со пијано“, “Три дена во септември“, “Панкот не е мртов“,”Копање“, “Скопје ремикс“, “Исцелител“, “Година на мајмунот“, “Џган“, “Ослободувањето на Скопје“ и “Бикини мун“, а во текот на следниот месец на редовниот репертоар ќе бидат и филмот за тинејџери “Ема“ и филмот за деца “Ловци и вештерки“, посочува Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура-Битола. Во битолското 3Д-Кино во февруари ќе биде емитуван и филмот “Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи.