Во Тиват, на „Бисер на Јадранот 2024“, на 29 јуни, ќе учествуваат македонски пејачи и композитори – поканети се и македонските новинари

188

На покана од организаторот!

Тиват, мало медитеранско гратче што се наоѓа на црногорскиот јадрански брег, на 29 јуни за првпат ќе биде домаќин на големиот забавно-музички фестивал насловен „Бисер Јадрана 2024“ (Бисер на Јадранот). Списокот со пејачи што ќе се натпреваруваат за вредни награди, кои се во вкупен износ од 10 илјади евра, сè уште не е комплетен. Но, љубезните организатори ги канат и нашите од Македонија, сосе авторите и македонските новинари, да го следат фестивалот. Тие наведуваат некои од правилата за учеството на „Бисер Јадрана 2024“: Испратените композиции не смее да бидат изведени или објавени пред тоа.

Крајниот рок за пријавување на композициите е 5 мај 2024 година. Комисијата на фестивалот ќе ги извести сите апликанти дали е прифатена нивната композиција, најдоцна до 15 мај оваа година.

Право на учество на фестивалскиот конкурс имаат заинтересираните не само од Црна Гора туку и од другите земји, меѓу кои и од Македонија. Композициите треба да се испраќаат на e-mail: biserjadranakonkurs@gmail.com во mp3- формат, во демоверзија. Со композицијата, потребно е да се прикачат биографијата, две фотографии од изведувачот, името на авторот на композицијата, како и телефонските броеви за контакт.  Д.М.