Во Скопје 220 сообраќајни прекршоци, 51 за брзо возење

27

На територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера се изречени вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција.

Казнети се 16 лица кои биле без возачка дозвола, соопштија денеска од МВР, а 16 прекршоци се што ги чинат возачите на мотоцикли.

– Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, седум за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 68 санкции за непрописно паркирање – стои во соопштението од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, се наведува во сопштението, и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи