Во Скопје 135 казнети возачи, 28 за возење под дејство на алкохол

26

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли биле изречени вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 28 мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, биле изречени седум мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.