Во пресрет на Олимпијадата: Париското метро е продолжено до аеродромот – се очекуваат околу 700.000 патници

56

Продолжувањето на метро линијата 14 во Париз, која ќе оди до аеродромот Ордли, официјално ќе биде отворена на 24 јуни.

Овие линии, кои ќе одат до вториот по големина аеродром во Франција, ќе бидат отворени еден месец пред Олимписките игри (ОИ).

„Тоа ќе биде најдолгата линија во метро мрежата“, напиша RATP на платформата Икс (Х).

Францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да го инаугурира проширувањето, кое се смета за клучна инфраструктура пред Олимпијадата во Париз.

Со своите седум станици и 14 дополнителни километри, линијата 14, која е опремена со автоматски пилот систем, до средината на 2025 година би требало да стане најпрометната во метрото, со еден милион патници дневно.

Таа линија ќе се смета за клучна за сообраќајот за време на Олимпијадата, бидејќи ќе поминува под земја до олимпискиот град на спортисти во Сен Дени, како и до блискиот фудбалски стадион.

На таа линија се очекуваат околу 700.000 патници дневно за време на Игрите од 26 јули до 11 август.