Во последен момент спречена катастрофа:Британска нуклеарна подморница почнала да тоне, екипажот реагирал навреме

322
Фото:EPA/CARRASCO RAGEL

Нуклеарната подморница на британската кралска морнарица денеска почнала да нурка премногу длабоко поради дефект, бидејќи откажал главниот мерач на длабочина, но екипажот навреме реагирал и ја спречил катастрофата, потврди денеска извор од британското Министерство за одбрана.

Инцидентот се случил на неименувана подморница од класата „Вангард“, која носи британски нуклеарни ракети „Тридент“, но за среќа секундарниот мерач на длабочина сè уште работел и укажувал на дефект, објави Би-Би-Си.

Извор од Министерството за одбрана рече дека „проблемот постоел и бил загрижувачки“, но дека „системот го препознал навреме“.

Се наведува дека подморницата се уште е во границите за безбедно работење, но дека нуркала премногу длабоко пред да се вклучи алармот.

Истрагата за инцидентот ја спроведе Кралската морнарица, изјави изворот.

Деталите за инцидентот на подморницата првпат беа објавени во весникот „Сан“ пред повеќе од една година и таа беше забележана додека се подготвуваше да патролира, при што инженерите ја предупредуваа екипажот за дефект кога подморницата нуркаше.

Подморниците мора да бидат доволно силни за да ги издржат огромните притисоци на океанот при нуркање, а безбедносните системи се вградени во подморниците со нуклеарно вооружување за да се спречи ескалација на проблемите.

Кралската морнарица соопшти дека нејзините подморници продолжуваат да ги исполнуваат своите одговорности и дека, иако не коментира за операциите, безбедноста на нејзиниот персонал е секогаш највисок приоритет.

Подморниците „Авангард“ се сместени во Фаслајн, Шкотска и, според Кралската морнарица, вообичаено имаат екипаж од 132 офицери и морнари.